Насловна / Архитектура / „Гидори“: Екстравагантно одморалиште за голфери во Саудиска Арабија

„Гидори“: Екстравагантно одморалиште за голфери во Саудиска Арабија

Саудиска Арабија продолжува со досега невиден градежен бум, најавувајќи го проектот „Гидори“, кој претставува визија за иднината и претвора значаен дел од пустината во луксузно одморалиште во кое особено ќе уживаат љубителите на голфот. Проектот „Гидори“ ќе биде сместен во ридовите на заливот Акаба, каде во моментот во тек е изградбата на неколку големи проекти.

1_26

 

Проектот е дело на компанијата Aedas, а ќе вклучува 200 вили за одмор и резиденцијален дел, кој ќе се вклопува во околината. Предвиден е и хотел кој покрај 80-те соби ќе има и ресторани и салони, како и клуб на плажа.  Во средиштето ќе биде т.н „Монолит“ – комплекс на брегот кој ќе содржи 190 конзолни станови на чија надворешност ќе преовладуваат стакло и метал. За рекреација е предвиден голф терен и планинарење, а локацијата нуди изобилство од зеленило. Предвиден е турнир во голф на терен со 18 дупки, напредни технологии и прекрасен поглед на заливот. Ќе постои и голф академија, како и можности за е-спорт.

1_27

Испрати коментар

Scroll To Top