Насловна / Вести / Германија: Можни се затворски казни за аерозагадување

Германија: Можни се затворски казни за аерозагадување

Судот во Германија, ја разгледува можноста за изрекување на затворски казни на одговорните лица во Баварија, бидејќи не покренале акција во врска со загадувањето на воздухот во Минхен, пишува весникот Deutche Zeitung. Весникот наведува дека административниот суд на покраината верува дека изрекувањето на затворски казни би бил најефикасниот начин со кој администрацијата на Баварија ќе се примора да воведе мерки за намалување на штетните емисии во воздухот.

Минатата година, Минхен се најде на чело на листата од 65 германски градови во кои е надминат дозволениот лимит на штетни честички во воздухот. И покрај драконските парични казни, надлежните во Баварија не примениле мерки за подобрување на состојбите, како на пример ограничување или забрана за сообраќај на дизел возилата. Инаку, токму во Минхен е лоциран и автомобилскиот гигант BMW.

Судиите бараат правен совет од Европскиот Суд на правдата за да им изречат затврски казни на покраинскиот министер за животна средина и гувернерорт на покраината Баварија.

München Panorama

Munich2

Munich3

 

Испрати коментар

Scroll To Top