Насловна / Архитектура / Египет: Во најава највисоката зграда во Африка, потпишана од Заха Хадид уште во 2007

Египет: Во најава највисоката зграда во Африка, потпишана од Заха Хадид уште во 2007

По повеќе од една деценија, Египет се врати на планот за изградба на највисоката зграда на континентот. Лоцирана на брегот на Нил во централниот дел на Каиро, објектот е проектиран од покојната легенда на архитектурата Заха Хадид уште во 2007 година. Претседателот и Владата на земјата се со сериозна заложба објектот под името Nile Tower со околу 70 ката, конечно да осамне на хоризонтот. Пружајќи поглед кон Каиро, реката Нил, но и пирамидите, проектот ќе биде симбол на просперитетот и развојот на Египет.  Буџетот кој е на располагање за оваа инвестиција е 600 милиони УСД. Објектот ќе содржи луксузни апартмани, спа центри, ноќни клубови, шопинг центар и хотел.

ZH Egypt1

ZH Egypt2

ZH Egypt3

ZH Egypt4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top