Насловна / Вести / Германија: Милијарди за нови системи за вентилација во училиштата

Германија: Милијарди за нови системи за вентилација во училиштата

Германската Сојузна влада објави дека во наредните неколку години ќе вложи дури 10,8 милијарди евра во нови системи за вентилација во училиштата ширум Германија. Се разбира, една од причините за толку големи вложувања токму во оваа област е и моменталната борба со коронавирусот, која значително може да се олесни со современи технички решенија во вентилацијата и климатизацијата. Во согласност со тоа, веќе до крај на оваа година, со новиот систем на вентилација би требало да бидат опремени дури 40% од германските училишта. Притоа, не посто никакво сомневање дека најголем дел од овие вложувања веднаш ќе се вратат бидејќи најголем дел од опремата ќе ја испорачаат германските производители на вентилациски и климатизациски уреди и опрема. Потребните средства од своите буџети ќе ги одвојат Сојузната влада, но и покраинските влади.

schule1

Modern classroom design with modern desk and seat realistic 3D r

schule3

Испрати коментар

Scroll To Top