Насловна / Вести / Германија: Изградба на космодром во Северно море?

Германија: Изградба на космодром во Северно море?

Вселенските планови на Сојузното здружение на германската индустрија  (BDI), полека добиваат конкретни облици.  BDI во еден свој концепт предвидел изградба на космодром за помали ракети на Северното море.  Платформата би лебдела и би била мобилна, а би ја граделе приватни компании со поддршка на државата, пишува DW. BDI се надева дека работата може да се спроведе за две години и тврди: технички изградбата на платформата сигурно е можна, но останува отворено прашањето на политичка поддршка. Имено, државата треба да обезбеди пари за почетната фаза на изградба. Според идејата на BDI, овој германски космодром би бил отворен за европските и други партнери. Во ова здружение велат дека космодромот би имал „клучно значење“ за индустријата со оглед на тоа дека живееме во дигитално време кое носи автономно возење и т.н “Индустрија 4.0“.

isar1

isar2

Со напредокот на технологијата, сателитите кои се испраќаат во орбитата стануваат покомпактни и помали, па за нив ќе бидат потребни и помали ракети-носачи, односно помали космодроми. BDI наведува дека веќе три приватни германски компании работат на овие мали ракети, кои на пазарот би стигнале во 2021 или 2022 година. Но ниту една од компаниите сеуште нема договор со некој европски космодром. Една од тие компании е Isar Aerospace лоцирана во близината на Минхен. Оваа стартап компанија веќе започнала со производство на ракети.  Предностите на оваа мала компанија во споредба со големите вселенски агенции се лоцираат во флексибилноста и пониските трошоци. Баварскиот стартап има стотина вработени и исклучиво е приватно финансиран. Во минатиот декември собрани се 15 милиони евра од инвеститори, а меѓу нив е и Булент Атан, некогашен потпретседател на американската вселенска компанија SpaceX, основана од Илон Маск.

Извесно е дека Isar Aerospace треба да се договори со некој европски космодром. Преговорите траат, но сеуште ништо не е потпишано. И тука на сцена стапува концептот на BDI и идејата тоа да биде пловечки космодром во Северното море. Економскиот лист Handelsblat, пренесува дека таква платформа би требало да се поттурне со 30 милиони евра од соојузниот германски буџет.  Се разбира прашањето ќе биде и политичко, бидејќи наводно слични платформи планираат и Европската унија, како И Шведска и Норвешка. BDI истакнува дека платформата има смисла и дека на крајот ќе биде исплатлива.

isar3

isar4

 

Испрати коментар

Scroll To Top