Насловна / Вести / Германија и Норвешка се поврзаа со подморски енергетски кабел

Германија и Норвешка се поврзаа со подморски енергетски кабел

Германија и Норвешка го пуштија во работа новиот подморски кабел, кој директно ги поврзува електроенергетските мрежи на двете земји. Кабелот е долг 623 километри и минува од северната германска покраина Schleswig-Holstein под Северното море до Tonstad на југот на Норвешка.  Операторите велат дека кабелот има капцитет за пренос на доволно енергија за снабдување на 3,6 милиони домаќинства одеднаш.  Проектот вреди две милијарди евра и се вика  Nordlink. Тој ќе и овозможи на Германија, вишокот електрична енергија од своите ветерни електрани да го извезува во Норвешка, каде може да се складишти во огромни системи за складирање во сопственост на хидроенергетскиот систем на оваа земја. Во периодите кога нема ветер, електричната енергија може да се испраќа во германската мрежа со цел да се задоволи побарувачката. „Со ова воспоставуваме патоказ за модерно снабдување на Европа со енергија“, рекла германската канцеларка Ангела Меркел на виртуелната свеченост по повод поврзувањето на кабелот со електроенергетските мрежи на двете земји.

nordlink1

nordlink2

nordlink3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top