Во Комората на овластени архитекти и овластени инженери се одржа предавање, кое беше презентирано од стручен предавач, инж. Горазд Цопек од Словенија, со долгогодишно искуство во проектирање и изведба на системи со геосинтетички материјали на депонии и инфраструктурни објекти во регионот и ЕУ.

На стручното предавање беа презентирани следните теми:
– принципи на правилно проектирање на системите со геосинтетици,
– типични грешки во пракса и нивни последици,
– искуства од реални проекти,
– препораки за избор на материјали и контрола на изведба,
– улогата на геосинтетиците во исполнување на еколошките стандарди и регулативи.

На презентацијата беа споделени и конкретни искуства и примери од регионот и од земјите на Европска Унија, со осврт на современи технички решенија, стандарди за изведба и предизвици при имплементација на геосинтетички системи во депониите.

Присутните покажаа особен интерес, учествуваа во активната дискусија и придонесоа во квалитетната размена на мислења.

Извор: https://www.ading.com.mk/
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија