Последниот дел од централната кула на катедралата Саграда Фамилија во Барселона беше поставен во саботата, со што градбата ја достигна својата максимална конечна висина, 144 години од почетокот на работите, пренесува Гардијан.

Горниот дел од 17 метри високиот четиристран челичен и стаклен крст беше подигнат е на своето место, со што е завршена кулата посветена на Исус Христос.
Главниот архитект на проектот, Жорди Фаули, по овој повод рече „радосен ден, прекрасен за сите луѓе што тоа го овозможија“, додека беа подигнати каталонските и ватиканските знамиња.

Саграда Фамилија, на чија изградба каталонскиот архитект Антони Гауди ѝ го посветил својот живот, со 172,5 метри е највисоката зграда во Барселона и највисоката црква во светот.
Свеченоста по повод завршувањето на кулата, највисоката од 18-те што ги замислил Гауди, би требало да се одржи на стогодишнината од смртта на Гауди, на 10 јуни.

Завршувањето на изградбата на црквата се очекува за околу десет години, до кога треба да биде завршена впечатливата фасада свртена кон југ.
Саграда Фамилија е главната туристичка атракција на Барселона, со околу пет милиони посетители годишно и годишен приход од околу 150 милиони евра, од кои околу половина се потрошени за изградба.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија