Насловна / Архитектура / Геометрија во спротивност со кружната форма

Геометрија во спротивност со кружната форма

Ivanhoe Grammar School во Австралија е училишна воспитно-образовна школа, основана во Иванхо во 1920 година. Кампусот на гимназијата до неодамна беше опкружен со рурален амбиент кој е прекриен со величенствена црвена река. И покрај населување на предградието , училиштето го задржало карактерот во кој матичниот пејзаж доминира во кампусот .

9

Во срцето на кампусот, првобитните згради се поставени во формален аранжман врз основа на метафора на градски плоштад. Накнадните дополни во кампусот, извршени во различни архитектонски стилови, имаат поопуштен однос со овој формален центар.

1
Објектот бил со кружна форма и имал квалитет во своето решение. Сепак при реконструкцијата архитектите од бирото McBride Charles Ryan не се одлучиле за кружна или радијална шема диктирана од формата на основата. Избрале аголна геометрија која е искористена за да се дефинираа централниот двор, отворите и мозаикот од простории за учење. Оваа геометрија е во спротивност со кружната форма на зградите, истакнувајќи ги клучните влезни точки и обезбедувајки разлика помеѓу надворешниот и внатрешниот свет.

6

7
Големо внимание е посветено на конфигурацијата на просториите за учење. Некои од клучните карактеристики се транспарентноста во и помеѓу просторите, интерконективност, повеќекратна употреба, флексибилност и приспособливост на просторите за учење.

8
Контрастот е толку очигледен во јазикот на оваа зграда, ги карактеризира современите педагошки пристапи за квалитетно образование. Кружната форма е класична претставува строгост, ред и сигурност на знаењето – внатрешниот свет на зградата со својот експресивен и комплексен мозаик на просторите ја претставува несигурноста и сложеноста на современиот живот.

5

3

4

2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top