Насловна / Архитектура / Фудбалски храм во Билбао

Фудбалски храм во Билбао

Култниот стар стадион на фудбалскиот клуб Атлетик од Билбао во шпанската област Баскија – Сан Мамеш, стар еден век, си замина во историјата. На истата локација Баскијците изградија нов стадион, во две работни фази, без да се прекинат спортските активности на постојниот.175999176001

176000

Архитектите од бирото АСХТ особено внимание посветуваат на решението за пристапност кон стадионот и врската со околната урбана средина, во новиот дел на Билбао. Објектот освен спортски добива и општествени-градски содржини. Важен елемент за решавање на овој спој на спортот и секојдневието е фасадата изведена од повторувачки ЕТФЕ-закривени плочи, отворени кон околината. Ноќното осветлување одвнатре со моќно динамичко осветлување е особено спектакуларно.

176033176008176023176007176010175992

Главниот прдизвик за сопствениците на стадионот и архитектите беше, како да се зачува магијата на амбиентот од стариот „храм на фудбалот“, за Баскијците култно место. По кажување на публиката, тоа е и надминато со новата градба, која на публиката и овозможува активен ангажман во играта. Таа „виси“ над теренот и врши додатен психолошки притисок врз играчите.175997176036

Вип условите на стадионот се обезбедени со премиум седишта, простор за одмор и преговарање и сл. Тука се и конференциските сали, ресторани, кафеа, трговските штандови и, се разбира, неизбежниот и пребогат музеј на клубот „Атлетик Билбао“. Капацитетот на новиот Сан Мамеш е 53.000 гледачи, 13.000 повеќе од историскиот претходник.176019176025176027176028176039176056176050176062

 

Еден коментар

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top