Насловна / Архитектура / Фудбал за вечера на реновираниот стадион „Ататурк“

Фудбал за вечера на реновираниот стадион „Ататурк“

Стадионот „Ататурк“ ќе биде нова куќа на фудбалот во Турција. Но можно е да биде и централен стадион на Европското првенство 2024, доколку се одобри кандидатурата на оваа земја која се протега на два континента.

1
Британската компанијата AFL Architects го претстави проектот за стадионот „Ататурк“ кој е осмислен да го подобри односот помеѓу играчите на теренот и публиката, но и да има и најдобра акустика до сега применета на стадиони.
Овој стадион не е нов. Всушност се работи за реновирање и адаптација на постоечкиот Олимписки стадион, а самиот проект е дел од кандидатурата за Европско првенство 2024, која Турција ја поднесе во април. Единствен противкандидат е Германија, а идниот домаќин на првенството ќе се знае на 27 септември оваа година.

2
Обемната обнова на Олимпискиот стадион ќе се води со интеграција на модерни технологии во постоечката структура, пишува ArchDaily.
Фасадата на постоечкиот стадион ќе биде обложена со бел GRC екоскелет кој силата на ветерот ќе ја претвара во електрична енергија.
Стадионот „Ататурк“ предвидено е да има видео ѕидови високи 20 метри, како на фасада така и внатре на кои ќе се прикажува видео содржина во склад со навивањето на публиката.

3
„Партнерството со Турската фудбалска федерација претставува мошне возбудлив период за нашата компанија. Нашиот тим има значајно искуство во проектирање на стадиони на UEFA, FIFA и Олимписки стадиони. Но учеството во оваа рана фаза на развивање на ваков голем настан за нас е фантастична можност да го демонстрираме полниот потенцијал на нашата екпертиза“, вели John Roberts од AFL Architects.

4
Како би можело проектот полесно да се изведе, но и стадионот да се користи во меѓувреме, адаптацијата е поделена во две фази. Првата фаза подразбира обновување на долното ниво на стадионот, додека во втората фаза ќе се обнови горното ниво со што капацитетот на стадионот ќе се прошири на 92.000 гледачи. Со реновирањето е предвидена и изградба на 200 ложи во кои ќе можат да се сместат по десет гледачи.
Посебен куриозитет е таканаречениот Tunnel Club, кој на навивачите со поскапи влезници ќе им овозможи да вечераат додека гледаат фудбал, да ги гледаат играчите како пристигнуваат на терен, но и да гледаат на клупата и така добијат директен увид на развивање на стратегијата на тимот. Селекторите ќе ја обожаваат оваа привилегирана група на навивачи.

Испрати коментар

Scroll To Top