Насловна / Архитектура / Френк Гери со онлајн курсеви за архитектура и дизајн

Френк Гери со онлајн курсеви за архитектура и дизајн

Frank Gery

Франк Гери е избран од страна на онлајн платформата за едукација MasterClass, да ги води интерактивните курсеви за архитектура и дизајн. Курсот вклучува 15 видео лекции, како и соодветни критики на Гери кон избрани трудови на слушателите. По цена од 90 УСД, курсевите ќе ја анализираат кариерата и архитектонската филозофија на Франк Гери, илустрирана со скици и модели од неговата приватна архива.

frank gehry

Платформата MasterClass е формирана во 2015 година со цел „секому да му се овозможи достапност на мудроста и знаењето на најдобрите“. Досега преку оваа платформа своите инструкции и совети ги претставиле Вернер Херцог за филмот, Гордон Ремзи за готвењето, и Deadmau5 за продукција на електронска музика. Курсот на Гери ќе стартува подоцна оваа пролет.

Повеќе информации на следниот линк: https://www.masterclass.com/classes/frank-gehry-teaches-design-and-architecture

Извор: Arch Daily

Испрати коментар

Scroll To Top