Насловна / Вести / Франција издвојува една милијарда евра за истражување на топењето на ледниците

Франција издвојува една милијарда евра за истражување на топењето на ледниците

Франција ќе издвои една милијарда евра за истражувања до 2030 година, со цел да се спречи топењето на ледниците, со оглед на се поголемата загриженост за таа појава, изјавил францускиот претстедател Емануел Макрон.

?????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

На самитот за климата во Париз, земјите се повикани да стават моратoриум на експлоатацијата на морското дно во поларните региони, а досега официјално на тоа се обврзаа и Велика Британија, Канада, Бразил и уште 19 земји. Макрон во Париз свикал состанок на шефовите на земјите со поларна територија или кои имаат ледници, како и некои од водечките научници во оваа област, пред климатскиит самит во Дубаи на крајот од ноември. На тој состанок, стручњаците рекле дека температурите на Aрктикот растат четири пати побрзо од глобалниот просек, како и дека половината од околу 200.000 глечери на светот ќе исчезнат до крајот на векот. Оваа година е веќе најтоплата досега забележана и веројатно најтоплата во последните 100.000 години.

glaciers2

Франција, која има ледници во своите алпски области, како и територија и научна база на Антарктикот, ја презеде водечката улога во настојувањето да се постигне договор за борбата против климатските промени на овогодишниот климатски самит COP28 во Дубаи.

Испрати коментар

Scroll To Top