Насловна / Вести / Франција ги забранува пластичните чаши, чинии и прибор

Франција ги забранува пластичните чаши, чинии и прибор

Франција донесе нов закон со цел да се осигура дека во иднина сите пластични чаши, чинии и прибор ќе бидат направени од биоразградлив материјал, и дека лесно ќе може да се компостираат.

Законот кој треба да стапи на сила во 2020 година е дел од Енергетската транзиција за Зелен раст, односно планот на Франција за придонес против климатските промени. Иако еколошките организации во основа ја поддржуваат оваа забрана, постои и група неистомисленици кои сметаат дека законот е во спротивност со регулативата на Европската Унија за слободно движење на стока.

Од организацијата Pack2Go со седиште во Брисел, која ги застапува европските производители на амбалажа, велат дека ќе настојуваат да се борат против донесувањето на овој закон, како и дека се надеваат дека истиот нема да се прошири и во остатокот од Европа.

„Апелираме до Европската Комисија да донесе вистинска одлука и да превземе чекори против Франција поради нарушување на европските закони„ велат од оваа организација.

plastic 2

Испрати коментар

Scroll To Top