Насловна / Вести / „Фолксваген“ казнет во Италија со пет милиони евра

„Фолксваген“ казнет во Италија со пет милиони евра

Germany Volkswagen

Германската автомобилска компанија „Фолксваген“ (VW) е казнета со пет милиони евра во Италија, заради дезинформирање на купувачите во врска со реалната вредност на емисиите на издувни гасови. Попрецизно, компанијата се товари за незаконска деловна практика, откако беше откриено дека во 11 милиони возила вградила софтвер кој ги лажирал податоците при тестирањето на емисијата на издувните гасови. Компанијата што поседува 12 брендови, во септември минатата година западна во најголема криза во своето постоење, по обелоденувањето на скандалот.

Пресудата во Италија доаѓа откако во јуни оваа година, компанијата постигна вонсудска спогодба со американските власти и сопственици на возила во САД, за исплата на оштета во вкупна вредност од 14,7 милијарди долари.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top