Насловна / Арт и дизајн / Филмска куќа на Барби: Фантазија на три ката во сите нијанси на розова (ВИДЕО)

Филмска куќа на Барби: Фантазија на три ката во сите нијанси на розова (ВИДЕО)

Куќата од соништата на Барби, Dreamhouse, не е место за срамежливите. Нема ѕидови и врати и во неа не постои поимот на приватност, затоа што, едноставно, немате каде да се скриете.

Оваа повеќеслојна метафора се покажа како одлична инспирација за филмаџиите, чиј омаж на иконичната кукла на Mattel – играниот филм Барби – деновиве пристигнува во кината.

1

Модернизмот на Палм Спрингс како инспирација

За да го донесе овој свет на игра на големото платно, режисерката Грета Гервиг ги ангажирала дизајнерката на продукција Сара Гринвуд и сценската декоратерка Кејти Спенсер, дуото од Лондон зад историските сценографии во филмовите како Гордост и предрасуди и Ана Каренина.

Тие биле инспирирани од модернизмот од средината на минатиот век во калифорнискиот град Палм Спрингс, вклучувајќи ја и Kaufmann House на Рихард Нојтра од 1946. година и други икони фотографирани од Слим Аронс.

6 (1)

„Сè во врска со таа ера беше на лице место“, вели Гринвуд за Architectural Digest, која имал за цел „да ја направи Барби вистинска низ овој нереален свет“.

Бидејќи ниту Гринвуд, ниту Спенсер никогаш претходно немале Куќа од соништата на Барби, тие ја нарачале од Амазон за да ја простудираат.

„Мерките беа прилично чудни“, се присеќа Спенсер, објаснувајќи како за сетот ги прилагодиле необичните пропорции на Dreamhouse на 23 отсто помалку од просечната човечка висина.

Гервиг вели: „Таванот е всушност прилично блиску до нечија глава и потребни се само неколку чекори за да се помине низ целата соба“. Тоа дава чуден ефект актерите да изгледаат големи во просторот, но севкупно мали“.

3 (1)

Алузии на минати инкарнации

Подигната на парцелата на Warner Bros. Studios недалеку од Лондон, кино домот на Барби го реинтерпретира делото на Нојтра како трикатна фантазија во боја на фуксија, со тобоган што се извива во базен во облик на бубрег.

„Сакав да го доловам сè она што беше толку смешно и забавно во Куќите од соништата“, вели Гервиг, алудирајќи на минатите инкарнации, како боемскиот модел од 1970-тите (опремен со лампи trompe l’oeil Tiffany) и викторијанската вила на кралицата Ана од 2000. година, опремена со лежалки на Филип Старк.

5 (1)

„Зошто да одите по скали кога можете само да се лизнете во вашиот базен? Зошто да се влечете по скалите кога имате лифт кој одговара на вашиот фустан?“ – реторички прашува режисерката.

Во филмот Барби, како и во нејзините претходни остварувања како што се Мали жени и Lady Bird, Гервиг тргнала да креира цел нов свет за своите херои.

„Буквално создававме алтернативен универзум на Barbi Land“, вели режисерката, кој во секоја прилика тежнеела сценографијата да биде „автентично вештачка“.

Како пример за ова, ја наведува употребата на рачно насликани позадини за снимање на небото и планините Сан Хасинто наместо компјутерски генерирани слики.

„Сè требаше да биде тактилно, бидејќи играчките се пред се работи што ги допирате“, нагласи режисерката.

4 (1)

На светот му снема розова

Исто така се требало да биде розово. „Одразување на ‘детско’ беше она најважното“, вели Гервиг. „Сакав розевите бои да бидат многу светли и да ги има речиси премногу“.

Со други зборови, продолжува, не сакала да „заборави што ме натера да ја засакам Барби кога бев мало девојче“.

Изградбата на филмската Dreamhouse, забележува Гринвуд, предизвика меѓународна побарувачка за употребата на флуоресцентна нијанса на бојата Rosco. „На светот“, со насмевка вели режисерката, „му снема розово“.

За спалната соба на Барби, тимот комбинирал заглавие на преклоп преслечено со сомот со покривач со светки. Нејзиниот плакар пак, открива ускладени комбинации во витрините направени од кутии за играчки.

2 (1)

„Тоа е дефинитивно куќа за самостална жена“, вели Гринвуд, истакнувајќи дека кога во 1962. година била продадена првата Dreamhouse (како картонски склоп), било вистинска реткост жена да има сопствен дом.

Спенсер на крајот додава: „Таа е ултимативна феминистичка икона“.

Испрати коментар

Scroll To Top