Насловна / Градежништво / Фабриката „Карпош“ се сели во Илинден

Фабриката „Карпош“ се сели во Илинден

fabrika karpos_1_resize
Фабриката „Kарпош“ за производство на монтажни елементи и за изградба на објекти во градежната индустрија во следната година ќе се сели во стопанскиот комплекс „Илинден“. Според претседателот на Надзорниот одбор Kиро Стефанов, пишува весникот „Дневник“, ќе се гради нова фабрика, а градежните активности ќе почнат од следната есен. Во новата фабрика ќе бидат вложени 10 милиони денари.
„Новата локација ќе биде во близина на живинарската фарма во новата индустриска зона во населбата Илинден. Станува збор за два плаца од 50.000 квадратни метри“ , изјави Стефанов. Според него, причината за дислокацијата на фабрика е реализацијата на Деталниот урбанистички план, според кој, на местото на фабриката е предвидена изградба на станови. „Според општината Ѓорче Петров, ДУП би требало да биде готов до пролет, па поради тоа би сакале да го ослободиме просторот. Во меѓувреме, општина Илинден треба да ја изгради потребната инфраструктура за да можеме да започнеме да градиме“, вели Стефанов. Тој објасни дека изградбата и селидбата на погоните ќе се вршат постепено.
„Новата фабрика ќе биде модерна и современа, со европски стандарди и со нова технологија. Ќе се искористи и дел од старата опрема, која е функционална и добра. Паралелно ќе се работи и во стариот и во новиот дел“, изјави Стефанов.
Фабриката „Kарпош“, која има околу 6 погони и 200 вработени, деновиве прослави 65 години од своето постоење.

Испрати коментар

Scroll To Top