Насловна / Вести / Казна на векот за гигантот

Казна на векот за гигантот

Антимонополската агенција на Европската Унија го казни „Гугл“ со рекордни 2,42 милијарди евра. Казната е одредена бидејќи „Гугл“, како што тврди Европската комисија, ги кршел правилата за конкурентност со својот онлајн шопинг сервис, пренесува Ројтерс.Google apps on Android phone

Регулаторите на ЕУ истакнуваат дека „Гугл“ ја злоупотребувал својата доминантна позиција на пазаорт и како пребарувач им давал нелегална предноста на други производи на „Гугл“.

Тие тврдат дека „Гугл“ го промовирал својот сервис и кога други опции имале подобри понуди за корисниците.

„Гугл им ги давал главните позиции во пребарувањата само на своите шопинг сервиси а ги „криел“ ривалските понуди. Со тоа е нарушена конкуренцијата на пазарот“, истакнуваат од ЕУ.

Регулаторните служби на ЕУ на познатата фирма ѝ дадоа 90 дена да престане со нелегалните активности или ќе се соочи со казни во износ до 5 отсто од дневниот приход на компанијата сопственик на „Гугл“, Алфабет.

На интернет џинот сега му се закануваат низа тужби од конкурентите, кои тврдат дека „Гугл“ влијаел врз резултатите од пребарувањата и со тоа извршил негативно влијание врз нивното работење.

Испрати коментар

Scroll To Top