Насловна / Вести / Европската Комисија размислува за нови корпоративни даноци, меѓу кои и данок за пластика

Европската Комисија размислува за нови корпоративни даноци, меѓу кои и данок за пластика

Со новите корпоративни даноци кои размислува да ги воведе Европската Комисија (ЕК), меѓу кои и данокот за пластика, би се финансирале отплатите на долговите поврзани со издвојувањата за помош на европските економии и сектори најтешко погодени од кризата. Овој нов данок, во буџетот на ЕУ би донел околу 10 милијарди евра, што е под 0,2% од прометот кои го генерираат големите компании во ЕУ. Според планот кој чека на одобрување или измени од земјите членки, ЕК би се задолжила 750 милијарди евра со кои би ги финансирала мерките за излез од кризата. Брисел предлага неколку можни мерки во вид на даноци со кои би се финансирала отплатата на ова задолжување, вклучувајќи го и данокот на единствениот пазар најрано од 2024 година.

Меѓу новите извори на приходи за заедничкиот буџет на ЕУ, комисијата ја разгледува можноста за данок на пластиката и емисијата на јаглерод диоксид при увозот. Јоханес Хан, во разговорот за неделното издание на Financial Times, вели дека данокот на единствениот пазар би опфатил 70.000 компании во Eвропа со глобален промет поголем од 750 милиони евра.

tax1

tax2

Испрати коментар

Scroll To Top