Насловна / Вести / Европската комисија го објави планот за заштита нa биодиверзитетот во ЕУ

Европската комисија го објави планот за заштита нa биодиверзитетот во ЕУ

Европската комисија (ЕК) го објави планот за заштита на биодиверзитетот во Европската унија, кој вклучува намалување на употребата на пестициди и промовирање на органското земјоделство.  Во согласност со амбицијата за намалување на емисијата на стакленички гасови до нула, Комисијата сака да ја преполови употребата на хемиски пестициди до 2030 година, и да резервира најмалку 25% од земјоделското земјиште за органско производство, наместо досегашните 8%. ЕК исто така планира засадување на најмалку 10 милијарди стебла во наредните 10 години.

Според податоците на ЕУ, земјоделските активности генерираат околу 10% од вкупната емисија на гасови со ефект на стаклена градина.  Во документот „Стратегија за биодиверзитетот на ЕУ до 2030 – да ја вратиме природата во нашите животи“, се нагласува дека зачувувањето на биодиверзитетот е од клучно значење и за многу економски активности, а првенствено за обезбедување храна на глобално ниво и во ЕУ. Комисијата исто така проценува дека вложувањето во органско земјоделство ќе помогне да се создадат 10-20% повеќе работни места отколку во традиционалното земјоделство.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top