Насловна / Вести / Европската климатска фондација го објави извештајот за 2021 година

Европската климатска фондација го објави извештајот за 2021 година

Европската климатска фондација (ECF) е една од најголемите филантропски иницијативи за премин во општество без емисии на гасови со ефект на стаклена градина. Со партнерите на национално, европско и глобално ниво, се работи на воведување на јавноста во одлучувањето и политичкиот ангажман во врска со климатската криза.

ecf1

Европските општества денес се стремат кон своите цели: чист воздух, безбедна клима, енергетска сигурност и сл. Од пакетот Fit for 55 преку конференцијата  COP26 до јакнењето на граѓанскиот придонес во климатската акција, мрежата на ECF поддржала широк спектар на активности. Фондот ќе продолжи да се занимава со последиците од климатските промени, така што ќе го поддржува прилагодувањето на законската рамка во насока на спроведување на амбициозниот Европски климатски договор, ќе работи на зајакнување на поддршката во јавноста, напуштањето на фосилните горива и сл. ECF минатата година одобрил 1.177 грантови за 713 организации со вкупна вредност од 87 милиони евра.

ecf2

Испрати коментар

Scroll To Top