Насловна / Вести / „Европската Амазонија“ добива „печат“ од УНЕСКО

„Европската Амазонија“ добива „печат“ од УНЕСКО

Богатството на биодиверзитетот на трите европски реки – Мура, Драва и Дунав е надалеку познато. Убавината на „Европската Амазонија“ е препознаена и од страна на УНЕСКО, кој токму денес го прогласува ова подрачје за резерват на биосферата. По повеќе од две децении борба на активистите и научниците, „Европската Амазонија“ сега добива огромно признание. Резерватиот на биосферата Мура – Драва – Дунав, е прв резерват на светот кој се простира во пет држави. Тоа се: Австрија, Словенија, Хрватска, Унгарија и Србија. Најголем дел се наоѓа на просторот на Хрватска. Станува збор за најголемо заштитено подрачје во Европа, на површина од околу еден милион хектари и 700 километри речни текови. Од над 100.000 заштитени подрачја на светот, само 700 го имаат „печатот“ на УНЕСКО.
evropskaamazonija1

evropskaamazonija2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top