Насловна / Вести / Евроазиски саем за прозорци, стакла и врати, Истанбул 2017: Успешната традиција продолжува

Евроазиски саем за прозорци, стакла и врати, Истанбул 2017: Успешната традиција продолжува

Не случајно, Истанбул веќе е етаблиран домаќин на саеми кои, без сомнение, се меѓу најграндиозните и најмасовните во регионот. Градот, кој прегрнува два континенти и плени со своите широко отворени порти на традиционалното гостопримство, толку типично за овие простори, уште од дамнешни времиња е познат како дом на вештите трговци и занаетчии.
Alışveriş (алишвериш), турскиот збор за шопинг веќе долго е одомашен и кај нас во архаичниот говор. Денес, овој мегалополис ги следи модерните бизнис трендови и новите технологии, и е домаќин на бројни саемски манифестации под префиксот Eurasia. Секако, специфичната геостратешка положба е речиси идеална за вакви интерконтинентални настани.IMG_20170308_130733

Претприемачи, производители, бизнисмени од над 112 земји присуствуваа на Саемот за прозорци, стакла и врати во Истанбул, кој се одржа во периодот од  8 до 11 март годинава, во организација на компанијата TŰYAP. Оваа турска компанија има традиција од 36 години, а меѓу шесте претставништва кои ги има во странство (Иран, Египет, Русија, Грузија, Бугарија и Македонија), се вбројува и канцеларијата во Скопје, која во текот на годината ги организира посетителите од земјава за петнаесетина саеми во Турција од различни области. На предметниов саем, всушност, беа интегрирани три засебни саемски целини во еден простор, односно 18. Eurasia Window (саем за прозорци, технологии и машини за производство и помошни материјали) 7. Eurasia Glass (саем за стакла, технологии и машини за производство и помошни материјали), и 9. Eurasia Door (саем за врати, технологии и машини за производство  и помошни материјали).IMG_20170308_095526

603 изложувачи од 26 земји

288 изложувачи на саемот за прозорци
 85 изложувачи на саемот за врати
             230 изложувачи на саемот за стакла

Над 50.000 посетители од 112 земји

110.000 m2 изложбен простор

Парадигмата на одржливиот развој, која во последниве години е присутна во сите аспекти на глобално ниво, особено влијае и во оваа индустрија со оглед на фактот што производството на стакла, прозорци и врати сериозно се испреплетува со енергетската ефикасност и влијанието врз животната средина. Од друга страна, пак, одамна поминаа времињата кога од еден производ се бараше само функционалност, естетика и ниска цена. Денес, соочени со немилосрдната компетитивност на пазарот, но и легислативата во однос на минималното негативно влијание врз животната средина и енергетската ефикасност, компаниите мора да бидат ефикасни, ефективни и еколошки свесни, а тоа е навистина тешко секогаш да се постигне. Кога станува збор за ефикасноста во поглед на трошоците за производство, кинеските компании можеби беа меѓу најфаворизираните и најзастепените на саемот, нудејќи различни нумерички управувани машини за сечење, транспорт и складирање на стакла, како и машини за изработка на повеќеслојни стакла со PVB (polyvinyl butyral) спојувачки слоеви. Повеќеслојните стакла со PVB спојувачки слој овозможуваат стабилни механички својства и заштита од повреди при кршење, па се употребуваат во бројни апликации почнувајќи од автомобилската индустрија до архитектурата и градежништвото (атриуми, балкони, стаклени подови и сл.). Технологијата CAD CAM и во оваа индустрија веќе не е иновација, туку вообичаен бизнис.IMG_20170308_100155

Што се однесува до делот на саемот каде беа претставени производители на врати, се чини дека иновациите во овој сегмент продираат нешто побавно, а од друга страна, пак, и бројот на излагачи во овој дел беше најмал во споредба со останатите. Овде фокусот повеќе беше ставен на естетиката, квалитетот во смисла на механичка издржливост, и цената. Перформансите во поглед на енергетската ефикасност не беа доволно експонирани, или пак она што беше презентирано во сегментот стакла ги подигна очекувањата. Во секој случај, посетителите на саемот имаа добра можност да се запознаат со портфолијата на многу компании. Конечно, време е и кај нас, инвеститорите од градежниот сектор, но и купувачите на станбен или деловен простор повеќе да се заинтересираат за тоа какви врати и прозорци се вградени во еден објект, бидејќи тоа директно влијае на енергијата што тој објект ќе ја троши во текот на експлоатацијата.IMG_20170308_101522_1CS IMG_20170308_101621 IMG_20170308_132739 IMG_20170308_132646 IMG_20170308_132432 IMG_20170308_133037 IMG_20170308_132807 IMG_20170308_130132

Испрати коментар

Scroll To Top