Советот на Европската унија ја усвои уредбата со која се воспоставува нова рамка за заштита на пазарот на челик на ЕУ од негативните ефекти на глобалниот вишок на производни капацитети. Новите правила ги заменуваат постоечките заштитни мерки, а примената на уредбата започнува на 01.07.2026 година. Уредбата е дел од Акцискиот план на ЕУ за челик и метали од 2025 година, и воведува нова долгорочна рамка.
Мајкл Дамианос, министер за енергетика, трговија и индустрија на Кипар, порачува дека челикот е клучен за индустриската основа на Европа, зелената транзиција и сигурност, како и дека новите правила ја зајакнуваат способноста на ЕУ да одговори на нарушувањата на глобалниот пазар и да обезбеди фер конкуренција. Новата уредба воведува ревидиран систем на тарифни квоти (TRQ), со кој се ограничува количината на челик кој може да се увезе под поволни услови, додека за количините над квотата се воведуваат повисоки царини. Исто така, се овозможува пренос на неискористените квоти во рамките на годината, со зачувување на стабилното снабдување на индустријата.
Заради поголема транспарентност, се воведува и т.н melt and pour правило, кое ја одредува земјата на потекло на челикот според местото на неговото прво топење и леење, со што се спречува заобиколување на мерките. Уредбата воспоставува механизам на редовна ревизија, кој и овозможува на Европската комисија да ги следи ефектите од мерките и предлага измени во согласност со движењата на глобалниот пазар. Во заедничката декларација, институциите на ЕУ го нагласуваат и продолжувањето на политиката на зависност од руските челични производи, со постепена диверзификација на увозот.

Индустријата за челик на ЕУ е трет по големина производител во светот, вработува околу 300.000 луѓе и ги поддржува регионалните економии ширум блокот. Таа индустрија моментално се соочува со голем притисок од неодржливите глобални прекумерни капацитети за кои се прогнозира дека до следната година ќе достигне 721 милиони тони, што е повеќе за околу 5 пати од годишната потрошувачка на ЕУ.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија