Во Загреб се потпишани договори за доделување на неповратни средства од Фондот за модернизација на ЕУ за купување на шест електромоторни возови, како и изградба на хибридна станица за полнење.
Проектот значително ќе го унапреди железничкиот патнички превоз на подрачјето на северна Хрватска каде што ќе сообраќаат новите возови. Во сообраќај ќе бидат пуштени во 2028 година и почетокот на 2029 година.

По веќе изградените шест станици за полнење на батериски возови, во склоп на овој проект ќе се гради првата хибридна станица за полнење, која ќе опфаќа и фотонапонска електрана и батериски систем за складирање на енергија. На неелектрифицираните пруги, батериските електромоторни возови за погон ќе користат батерии (максимална брзина 120 km/h), а на електрифицираните – електрична енергија од мрежата (максимална брзина 160 km/h). Инвестицијата е одличен пример на користење на средства од Фондот за модернизација на ЕУ, кој се финансира од тргувањето со емисиони единици на CO2 бидејќи парите се вложуваат во намалување на гасовите со ефект на стаклена градина и во подобрување на енергетската ефикасност.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија