Одборот на директори на Европската Инвестициска банка, одобрил заем од 800 милиони евра за обнова на првиот блок на нуклеарната електрана „Чернавода“ во Романија. Проектот ќе биде финансиран со комбинација на сопствени средства од романската енергетска компанија која управува со електраната и заеми и гранции од меѓународните финансиски институции, извозни кредитни агенции и деловни банки. За подготовка на една фаза од проектот во септември 2025 година, веќе е обезбеден кредит од 540 милиони евра.

Обновата на првиот блок е моментално во фаза на обезбедување дозволи, договарање на проектантските и изведувачки работи, набавка на опрема и затворање на финансиската конструкција. По завршувањето на проектот, планирано е работниот век на првиот блок да биде продолжен за уште 30 години. Обновениот блок, во периодот од 2030 до 2060 година би требало да обезбедува околу 9% од енергијата која и е потребна на Романија.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија