Насловна / Вести / ЕУ: Граѓаните бараат забрана за рекламирање и спонзорирање на фосилните горива

ЕУ: Граѓаните бараат забрана за рекламирање и спонзорирање на фосилните горива

Групата Ban Fossil Fuel Advertising and Sponsorships (Да го забраниме реклманирањето и спонзорствата за фосилни горива) ја повика Европската Кмисија да предложи законски решенија кои би опфатиле активности како што се експлоатација, рафинирање, производство, снабдување, дистрибуција и продажба, но и сите возила кои користат такви горива освен оние кои служат за превоз од општ економски интерес.  Групата добила статус на европска граѓанска иницијатива (ECI). Се бара забраната за рекламирање и спонзорирање да се примени и на интернет и на традиционалните медиуми, на постерите и билбордите и во затворените простори, во спортот, образованието, науката, на јавните како и медиумските настани кои ги организира трета страна.  Организаторите појасниле дека иницијативата за ограничување на фосилните горива важи за нафтата, природниот гас и јагленот. Европската Комисија утврдила дека групата ECI ги задоволува правните услови и одлучила да ја регистрира.Доколку групата во рок од една година собере еден милион потписи од најмалку седум држави членки на ЕУ, Комисијата е обврзана да одлучи дали ќе постапи по барањето и да го образложи својот став. Извршното тело на ЕУ, досега регистрирало 79 граѓански иницијативи (ECI) и одбило да признае 26 кои не ги задоволувале условите. Групата Ban Fossil Fuel Advertising and Sponsorships соопштила дека забраната би се однесувала и на компаниите кои работат со фосилни горива, како и на возила, летала и пловила на таков погон. Групата го споредува овој сектор со тутунската индустрија и ограничувањата поврзани со тој сектор.

ban1

ban2

Испрати коментар

Scroll To Top