Насловна / Вести / ЕПС ја испитува можноста за примена на топлински пумпи во хидроелектраните

ЕПС ја испитува можноста за примена на топлински пумпи во хидроелектраните

„Електропривреда Србије“ (ЕПС) има намера да изработи студија за можностите за употреба на топлинските пумпи во објектите во склоп на Лимските хидроелектрани. Јавниот повик трае до 10-ти февруари. Проценетата вредност на тендерот е нешто над 32.000 евра, а рокот за извршување на работите е 150 дена.

Објектите кои треба да бидат предмет на студијата имаат 2.450 квадратни метри климатизиран простор. Станува збор за управна зграда, како и за хидроелектраните Увац, Кокин Брод, Бистрица и Потпеќ, машинска работилница и магацин. Студијата треба да опфати анализа на актуелната потрошувачка на топлинска енергија и преглед на можните решенија за користење на алтернативни или обновливи извори на топлинска енергија или унапредување на постоечките системи, со цел подобрување на енергетската ефикасност и промовирање на користењето на обновливите извори на енергија. Изведувачот треба да предложи решение и да го претстави намалувањето на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина. Задачата вклучува пресметка ан перодот на поврат на инвестицијата и преглед на регулативата.

 

Испрати коментар

Scroll To Top