Насловна / Архитектура / Kéré Architecture ја отелотворува историјата и мудроста на градот во библиотека во Рио де Жанеиро

Kéré Architecture ја отелотворува историјата и мудроста на градот во библиотека во Рио де Жанеиро

Biblioteca dos Saberes, или „Куќа на мудроста“, која е предвидена во областа Cidade Nova во Рио де Жанеиро проектирана е од Kéré Architecture.

Библиотеката и културниот центар, нарачани од Градското собрание на Рио де Жанеиро, се наоѓаат во срцето на новиот урбан развој, кој го проектирал Франсис Кере.

Biblioteca dos Saberes со површина од 40.000 квадратни метри, инспирирана е од дрвјата што растат во регионот и од културниот и историскиот контекст на градот. Проектот ќе служи како централна точка за регенерација на овој историски округ веднаш до пристаништето Valongo Wharf и населбата Мала Африка.

На 20 ноември, Националниот ден на Зумби и Црнечката свест во Бразил, проектот е презентиран пред жителите на Рио де Жанеиро. По библиотеката во основното училиште Гандо, проектот ќе биде вториот проект за библиотека на бирото и нивниот прв изграден проект во Јужна Америка.

Biblioteca dos Saberes ќе ја оживее населбата најпозната по прославите на карневалот во Рио, правејќи го центарот на градот попешачки, подостапен и пожив. „Дрвото на знаењето“, вертикален цилиндар моделиран по дрвјата пронајдени во шумата Tijuca, е клучна компонента на проектот на библиотеката. Алудира и на природната околина на градот и на симболичната функција на дрвјата во родниот крај на Франсис Кере, Гандо, Буркина Фасо, каде што тие делуваат како средишта на социјална интеракција.

Трите ката на зградата, кои вклучуваат читални, библиотечни сали, работилници, изложбени простори, аудиториум и кафуле, се поврзани со оваа структура. Читањето, споделувањето, собирањето, изведувањето, творењето, јадењето и играњето се распоредени во прогресија од мирно до активно.

Надворешните елементи вклучуваат кровни градини, отворени простори, засенчени дворови, амфитеатар со балдахин, кафуле и уредени тераси. Библиотеката и споменикот во чест на Zumbi dos Palmares, водач на движењето против ропството, ќе бидат поврзани со пешачки мост. Кровните градини и кулата на зградата помагаат во пасивната вентилација и ладење, додека перфорираната фасада ја штити зградата од сонце.

„Biblioteca dos Saberes е прослава на прекрасниот град Рио де Жанеиро. Го сакам неговиот ритам, неговите гласови, неговиот дух што тече низ улиците и по брановите на Атлантикот“, вели Франсис Кере.

„Оваа библиотека расте од историјата и мудроста на градот, од самбата што го движи телото до поезијата што го движи срцето. Тоа е дом на знаење што им припаѓа на сите, место каде што минатото и иднината се среќаваат под еден покрив, отворено кон градот и кон морето што ги носи своите приказни во светот“, додаде Кере.

„Од Мала Африка до светот, проектот на Франсис Кере оддава почит на атлантските, африканските и пристанишните формации што го обликувале овој плурален Рио – дом за сите Кариоки“, рече Едуардо Паес, градоначалникот на Рио де Жанеиро.

„Библиотека на самбата и на народната мудрост, го зацврстува наследството на Рио како прв град на португалско говорно подрачје прогласен за светска престолнина на книгата на УНЕСКО – чест што сега станува дело и симбол на нашето време“, додава Паес.

Богатата културна и историска позадина на Рио де Жанеиро служи како инспирација за библиотеката. Таа го почитува домородното и афро-бразилското наследство, усмените традиции и самбата како жива форма на знаење.

Проектот се наоѓа веднаш до Sambňromo на Оскар Нимаер на некогашниот плоштад Praça Onze, локацијата на првото училиште за самба во Бразил. Структурата, исто така, ја истакнува културната разновидност на градот и неговата функција како средиште за неколку популации, одразувајќи го сложеното минато на регионот.

Проектот создава библиотека и културен центар што ќе ги инспирира и ќе им користи на идните генерации преку преосмислување на Атлантикот како река на заедничко наследство меѓу Бразил и Африка, потпирајќи се на искуството на Франсис Кере стекнато во Африка.

Испрати коментар

Scroll To Top