Насловна / Вести / Ентериер на ресторан инспирирана од носталгични видео игри

Ентериер на ресторан инспирирана од носталгични видео игри

На самиот почеток на развојот на проектот, клиентите им рекле на архитектите од јапонско-виетнамската компанија 07BEACH дека новиот ресторан за нудли во Окинава ќе се вика Kaishin No Ichigeki и им дале слобода да го проектираат ентериерот според тоа име.

1_resize

Имено, името на овој ресторан е карактеристична фраза од познатата стара RPG (role-playing game), која многумина ги потсетува на носталгични видео игри, кои се исцртани со точки, ниска резолуција и единствено препознатливи.

2_resize

Сепак, иако примарната инспирација потекнува од светот на гејмингот, за атмосферата да не биде премногу детинеста, ентериерот е донекаде апстрактно дизајниран.

3_resize

4_resize

Применетите материјалите на објектот се вообичаени и евтини, како што се едноставни плочки, цемент и текстилни подни плочи, објаснуваат архитектите за ArchDaily.

14_resize

Иако би можело да се каже дека ентериер инспириран од видео игрите стана клише, комбинацијата и облиците на овие обични материјали го прават овој простор единствен и несекојдневен.

Имено, ѕидовите се покриени со брановидна шема слична на јуфките кои се користат за подготовка на нудли, благодарение на примена на плочки на сив малтер.

16_resize

Јапонскиот збор „つけめん“ („Tsukemen“), кој е израз за потопување нудли, претставува лајтмотив на овој простор, кој може да се види на рекламната табла, каде што зборот е изведен со помош на жолти коцки со „пикселизиран“ метод.

5_resize

Клиентите исто така имале барање да се избегне ситуацијата многу зачини да прават неред на масите, а архитектите осмислиле секој зачин да биде додаток што го собирате во играта и што можете да го ставите во постоље што ги собира сите на средина на масата.

12_resize

13_resize

Просторот за седење наменет за поголеми групи проектиран е така да изгледа како замок за игра и тоа со ниски ободни ѕидови кои би го спречиле евентуалниот пад на децата, а истовремено би создале чувство на приватност во таа зона.

Може да се каже дека – откако е одредена примарната насока на дизајнот инспириран од играта – дизајнирање на секој елемент од ентериерот посебно, довело до единствена атмосфера во просторот.

6_resize

15_resize 7_resize 8_resize 9_resize 10_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top