Насловна / Архитектура / Енергетски ефикасен и современ мобилен дом

Енергетски ефикасен и современ мобилен дом

Едноставниот и минималистички мобилен дом од само 13 метри квадратни, наречен Toybox Home, претставува паметно решение на мал простор во кој се сместени сите неопходни функции за живеење. Дизајнот на мобилниот дом е изработен од Frank Henderson и Paul Schultz, и моментално е лоциран во Lake Forest во државата Илиноис, а неговата цена изнесува 48.000 долари. Една од неговите најимпресивни елементи се енергетско ефикасните карактеристики, како што се сончевото подно греење и филтрите за рециклирање вода.

куќа-1 куќа-2 куќа-3

Ентериерот и екстериерот се одликуваат со колористичен дизајн кој потсетува на поп арт уметноста на Roy Lichtenstein. Покривот е во бела боја и е енергетски ефикасен термопластичен покрив, а неговата аголна структура обвиткува шарени брановидни фиберглас панели чии креви се обложени со црни ивици. По целата фасада се поставени големи прозорски отвори и лизгачки врати, со што се обезбедуваа доволно светлина и вентилација во просторот.

куќа-4 куќа-5 куќа-6 куќа-7 куќа-8

Внатрешниот простор  е обложен со дрвени панели во светли нијанси. Сите елементи кои тука може да се сретнат се лесно транформативни, како што се дневната просторија, кујната, трепезаријата, бањата и мансардата. Во дневната просторија се сместени осум лесно подвижни коцки кои го трансформираат просторот од дневна површина во спална или простор за седење.

куќа-9 куќа-10 куќа-11 куќа-12 куќа-13

Испрати коментар

Scroll To Top