Насловна / Вести / Енергетската заедница со санкции за Босна и Херцеговина

Енергетската заедница со санкции за Босна и Херцеговина

Енергетската заедница и воведе санкции на Босна и Херцеговина, поради кршење на Директивата за сулфур во горивата и непочитување на енергетските пакети за енергија и гас. Претходно, БиХ доби неколку предупредувања. Меѓу причините за одлуката за санкции, се наведува дека само во БиХ од сите држави членки на Енергетската заедница, кога станува збор за нафтените деривати, сеуште може да се користи Euro3, додека европскиот стандард е Euro5, a причината е во поддршката на рафинеријата во Босански Брод. Исто така, не е усвоен национален закон за регулаторот на електрична енергија и природен гас, преносот и пазарот на електрична енергија, кој е во процедура уште од 2017 година.

Советот на министри писмено суспендирал одредени права на Босна и Херцеговина во однос на Договорот за енергетската заедница, поради сериозни и трајни пропусти во почитувањето на Вториот енергетски пакет во секторот гас – Директивата за сулфур во горивата, како и во однос на Третиот енергетски пакет за енергија и гас.

BiH

 

Испрати коментар

Scroll To Top