Насловна / Вести / Црна Гора веќе не издава одобренија за изградба на мали хидроцентрали

Црна Гора веќе не издава одобренија за изградба на мали хидроцентрали

Владата на Црна Гора одлучи да ги запре постапките за одобрување на изградба на мали хидроцентрали (МХЕ) до завршување на контролите на досега склучените договори за овој вид постројки.  Новата влада на Црна Гора, на почетокот на декември минатата година, најави дека ќе ја забрани изградбата на нови МХЕ, а сите договори за концесија ќе ги ревидира. Само еден месец претходно, Федерацијата на Босна и Херцеговина одлучи да ги укине субвенциите за МХЕ. Сето тоа е последица од големото незадоволство на граѓаните поради штетите кои МХЕ ги предизвикуваат на животната средина.

На последната седница, влдата на Црна Гора дала согласност за запирање на постапките за одобрување на изградбата на МХЕ „Слатина“ на водотекот на Слатина во општина Колашин, но и на сите други МХЕ за кои е започната постапка. Локалните медиуми пренесуваат дека инвеститор на МХЕ „Слатина“ е компанијата BB Hidro, чиј косопственик е синот на претседателот Мило Ѓукановиќ.

crnagoramhe1

crnagoramhe2

Испрати коментар

Scroll To Top