Насловна / Вести / Енергетската заедница предупредува дека земјите во регионов тешко ќе ги достигнат целите за обновлива енергија до 2020 година

Енергетската заедница предупредува дека земјите во регионов тешко ќе ги достигнат целите за обновлива енергија до 2020 година

Според последните статистички податоци презентирани од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница, извесно е дека Србија, Украина и Босна и Херцеговина, не ќе можат да ги исполнат целите за уделот на обновливи извори на енергија до 2020 година. Ситуацијата во Албанија, Македонија и Косово е нотирана како дискутабилна со оглед на влијанието на хидрологијата, ниското ниво на инвестиции и зголемувањето на енергетската потрошувачка. Од друга страна пак, ниту една земја нема да го исполни таргетот од 10% удел на енергијата од обновливи извори во секторот транспорт. Недостатокот на солидни статистички податоци, особено во однос на користењето на биомаса за греење, е идентификувано како тесно грло што го ограничува прецизното следење на напредокот.

energy community1

energy community2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top