Насловна / Вести / Емисиите на јаглерод диоксид во Велика Британија најниски во последната деценија

Емисиите на јаглерод диоксид во Велика Британија најниски во последната деценија

Емисијата на јаглерод диоксид во Велика Британија опадна за 2,9 проценти во 2019 година, што значи дека тие се намалиле за 28 отсто во последната деценија, според последната студија на „ Carbon Brief“.

Намалувањето на емисиите на согорување на јаглен претставува три петтини од вкупното намалување на емисијата на јаглерод диоксид за десет години. Вкупната емисија на јаглерод диоксид во Велика Британија сега е на ниво од 1888 година, без оглед на годините кога имаше генерални штрајкови.

jaglen

Намалувањето на емисиите најмногу придонеле кон подобрување во енергетскиот интензитет, односно количината на енергија потребна за производство на секоја единица бруто домашен производ (БДП). Ова се должи и на смената на почисти горива, пред сè, обновлива енергија.

Сајмон Еванс, заменик уредник на „Carbon Brief“, рече дека успехот на Велика Британија во намалувањето на емисиите во голема мерка е постигнат во енергетскиот сектор. “Комбинацијата на намалена побарувачка, воведување на данок на јаглерод, застареност на постројките што работат на јаглен, регулативите на ЕУ за загадување и поддршка за обновлива енергија го исфрлија јагленот од системот“, вели Еванс.

Во Европа, емисиите во енергетскиот сектор исто така се намалени, главно како резултат на пониското производство на јаглен.

Испрати коментар

Scroll To Top