Насловна / Вести / Електронска наплата на паркинг во Охрид по пат на јавно приватно партнерство

Електронска наплата на паркинг во Охрид по пат на јавно приватно партнерство

elektronska naplata vo ohrid parking

ЈП „Билјанини извори“ ќе воведе електронски систем за организирање и наплата за паркирање по пат на јавно приватно партнерство. Ваквата одлука со мнозинство гласови од советниците беше донесена на вчерашното продолжение на 23- та седница на Советот град Охрид, објави OhridNews.
Од фирмата изработувач на физибилити студијата, објаснуваат дека спроведените анализи покажале дека ваквиот модел се покажал како најпогодна опција.
„Разгледаните опции беа наплатата да се спроведува самостојно по пат на финансирање со кредит, а втората опција беше јавно приватно партнерство. Опцијата самостојно да се спроведе електронскиот систем за наплата со земање кредит од банка за 37% е поскапа, отколку преку јавно-приватно партнерство. Резултатите на крај се исти, но трошокот е понизок со фирма партнер, а и целиот ризик се префрла на партнерот и затоа се преферира оваа опција“.

Испрати коментар

Scroll To Top