Насловна / Вести / Електричен камион кој троши помалку енергија отколку што произведува

Електричен камион кој троши помалку енергија отколку што произведува

Рударските компании веќе со децении зависат од тешки машини кои се големи потрошувачи на дизел и бензин. Швајцарската компанија Kuhn Schweiz AG нашла начин како да ја конвертира оваа механизација, и да ја елиминира емисијата на штетни гасови. Во овој потфат помогнале стручњаците од Универзитетот за применети науки во Берн и NTB Меѓудржавниот институт за технологија.  Со заеднички сили, креиран е „зелениот џин“ под името eDumper од 121 тон. Работи на батерии, а троши помалку енергија отколку што самиот генерира. Тоа му поаѓа од рака со помош на регенеративната технологија на кочење, со помош на која се генерира енергија и се складира во батеријата.

edumper1

edumper2

Всушност eDumper одамна ја има започната својата „кариера“ како класичен гигантски кипер, чиј мотор е заменет со електричен, погонуван со Li-Ion батериски ќелии. Под полн капацитет може да спушти товар од 65 тони по надолнина, при што се активира системот за регенеративно кочење, се произведува енергија и се полни батеријата. Во моментот, eDumper е најголемото електрично возило на светот. Со цел да се обезбеди сигурноста од појава на пожар кај огромната батерија,научниците го проучувале однесувањето на батеријата во случај на краток спој или механичко оштетување. Имајќи во предвид дека се работи за најголемата батерија на светот, eDumper има посебно решение – една оштетена или уништена ќелија не може да влијае на околните ќелии.

edumper3

edumper4

 

Испрати коментар

Scroll To Top