Насловна / Архитектура / Еколошки хотел со органска градина на кровот

Еколошки хотел со органска градина на кровот

Бунгалови заедно со централната зграда го формираат Noah Surf House, хотел во Португалија, кој е дизајниран за сурфери, бидејќи се потпира на популарната плажа за сурфање на Сребрениот брег. И покрај тоа што има се што е потребно за удобен престој на љубителите на овој спорт, сепак овој хотел е интересен бидејќи претежно е направен од рециклирани материјали, а при тоа е дизајниран во согласност со принципите на одржлива градба. Затоа на кровот се поставени сончеви панели, постои систем за собирање на дождовница, а геотермалната пумпа обезбедува целосна енергетска независност на објектот.

hotel surfanje

Благодарение на сопственото производство на енергија, овој хотел не само што може да ги задоволи сите потреби за топла вода во хотелот, но тој се користи за загревање на водата во базенот, како и за подно греење во зима.

hotel surfanje1

Комплексот на хотелот е составен од неколку згради, а од најатрактивните од нив сигурно е ресторанот кој има поглед на океанот. Сепак, она што е особено интересно е дека храната за ресторанот доаѓа од храна која расте во органска градина на покривот на зградата, а има и 12 кокошки кои се гости на хотелот.

hotel surfanje2

hotel surfanje3

Гостите имаат на располагање различни видови на бунгалови со поглед на океанот, апартмани украсени во бохо стил, или домови со повеќе кревети на кат, или да изберат луксузни приватни апартмани со камин и приватна тераса со туш на отворено, што е за сурферите важна хотелска услуга.

hotel surfanje4

За време на изградбата на хотелот користено е значителен износ на рециклиран материјал, како што се старите тули. Плутата се користи како топлинска изолација, а истовремено нејзината одржливост е дополнително зајакната со нејзината употреба.

hotel surfanje5

Водоводните цевки се користени за осветлување, а старите ормарчиња од летниот камп се користени за складирање на работи, а многу отфрлени парчиња мебел се користени како декорација.

hotel surfanje6

Каминот во влезната зона на хотелот потекнува од поранешниот резервоар за вода.

hotel surfanje7

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top