Насловна / Вести / Екатеринбург: Нискобуџетен хотел со капсули, за навивачите на Русија 2018

Екатеринбург: Нискобуџетен хотел со капсули, за навивачите на Русија 2018

Во ретсрет на Светското фудбалско првенство Русија 2018, „река“ од навивачи е во потрага по сместување во градовите домаќини на натпреварите. Еден бизнисмен одлучил да направи нискобуџетен хотел како идеално решение за сите посетители. Наместо соби, хотелот има капсули, слични на овие од филмовите за иднината. Во тесните капсули сепак има и ТВ, клима и сеф. За многу гости ова е атракција. Хотелот има вкупно 12 капсули, а некои од нив се направени за две лица. Едно ноќевање во капсула без ТВ чини 650 рубли (8,8 евра), што е многу поефтино во споредба со сите просечни хотели во градот.

Во останатите градови домаќини на натпреварите, ценитe се повисоки отколку во Екатеринбург, а се очекува да бидат максимални во текот на првенството кое се игра од 14-ти јуни до 15-ти  јули.

Ekaterinburg 3

Ekateriburg 2

ekaterinburg 1

ekaterinburg 4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top