Насловна / Ентериери / Ефективни дизајнерски парчиња направени од индустриски материјали

Ефективни дизајнерски парчиња направени од индустриски материјали

Младиот бразилски дизајнер Paulo Kobylka, не престанува да воодушевува со своите иновативни парчиња мебел. Едно од неговите најпознати дела е големата седечка гарнитура инспирирана од бетонските трибини, а во последно време е посветен на проучување на индустриските материјали кои може да се користат во создавање на современ мебел.stolica-industriski-materijal_4

Од овој процес настанале столица PK6 и софа PK7, на кои главен елемент им е жичана кострукција која главно се користи како потпорен елемент кој не е во преден план. Ова е токму она што Kobylka сакал да го промени. Покрај жичаната структура која служи како потпирач за грб, при изработката се користени и челични конструкции, кои служат како потпирачи за раце.stolica-industriski-materijal_3

За да се избегне потенцијалната неудобност која таквите материјали можат да ја создадат, ставени се големи перници од пена кои ја неутрализираат крутоста на жиците и челикот. Софата и столицата се достапни во неколку бои, и може да се комбинираат.stolica-industriski-materijal_2 stolica-industriski-materijal_1

Испрати коментар

Scroll To Top