Насловна / Архитектура / Единствениот приватен резиденцијален проект на Заха Хадид се издига над руска шума

Единствениот приватен резиденцијален проект на Заха Хадид се издига над руска шума

На едно шумовит рид во околината на Москва, меѓу боровите високи над 20 метри, лоцирана е единствената приватна куќа која била проектирана од страна на Заха Хадид и изведена во текот на нејзиниот живот. Со несекојдневна форма, дефинирана под влијание на самата околина, оваа куќа е поделена на две целини – една која „се претопува“ во самиот терен, и друга која се издигнува 22 метри над земјата и пружа спектакуларен поглед на околниот пејсаж. Како и многуте други дела на Хадид, објектот се карактеризира со флуидна геометрија и организиран е во четири нивоа: долните два ката содржат простории за дневен престој, кујна, базен и други содржини за одмор. Над нив се издигнуваат спалните соби и надворешните тераси за уживање во природата.

ZH 1 ZH 2 ZH 3ZH 5

Испрати коментар

Scroll To Top