Насловна / Вести / Камен – темелник на деловниот објект „Хипериум”

Камен – темелник на деловниот објект „Хипериум”

Image

ХИПО АЛПЕ АДРИА ЛИЗИНГ

Хипо Алпе Адриа Лизинг постави камен-темелник на својот деловен центар “Хипериум”во Скопје, вреден 17 милиони евра.

Центарот, која се планира да биде готов за една година ќе биде изграден на вкупна површина од 13 илјади квадратни метри, со пет катови, подземни гаражи и паркинг места за околу 200 автомобили. На еден кат ќе биде сместена Хипо Групацијата, а останатите четири ката ќе се даваат на лизинг или ќе се издаваат. Просториите ќе бидат најсовремено климатизирани и мрежно поврзани, а ќе имаат и системи за заштеда на електричната енергија.

Според министерот за економија Фатмир Бесими овој настан е доказ за реализацијата на реформите за подобра деловна клима во Македонија и претставување на земјата како поволна бизнис дестинација.

– Ве уверувам дека ова е прв чекор при влегувањето во сегментот на лизинг на недвижнини. Потребите за лизинг на недвижности се евидентни и во соработка со надлежните институции, па ќе ги надминеме моменталните пречки и ќе го развиеме и овој сегмент, истакна Ѓорѓе Војновиќ, член на Управниот одбор на Хипо Алпе Адриа Лизинг, според кој “Хипериум” е демонстрација на нивната серизност, амбициозни планови и доследност.

За Оливер Цинтл, член на Управниот одбор на Хипо Алпе Адриа Лизинг, овој проект кажува дека Хипо групацијата има доверба во Република Македонија и оти ова е само почеток на неколку големи инвестиции кои ќе следат.

Хипо Алпе Адриа Лизинг е основана на 26 октомври 2006 година во Македонија, а со оперативна дејност почна од 1 февруари 2007 година. Таа е во целосна сопственост на Хупо Алпе Адриа Леасинг Холдинг АД. Хипо Алпе Адриа Групацијата е интернационален финансиски концерн со повеќе од 350 банки и лизинг компании во 12 земји. Досега во Македонија има инвестирано преку 40 милиони евра.

 

Објавнео во број 92. 

Испрати коментар

Scroll To Top