Насловна / Вести / Двеста славни личности упатија апел за спас на планетата Земја

Двеста славни личности упатија апел за спас на планетата Земја

Во уводникот на францускиот дневен лист  Le Monde, како одговор на повикот на глумицата Жилиет Бинош и астрофизичарот Орелијан Баро, бројни реномирани писатели, фотографи, новинари и научници оценија дека „дојде време да станеме сериозни“.  „Преживуваме планетарна катаклизма“, наведуваат потписниците на овој апел повикувајќи се на климатските промени и намалувањето на биодиверзитетот ширум планетата.

„Премногу е доцна за ништо да не се случи, но сеуште не е премногу доцна за да се  избегне најлошото. Соочени со најголемиот предизвик во историјата на човештвото, политичките власти треба да делуваат одлучно и веднаш“, пишува во апелот.

Овој апел следува само неколку дена по оставката на францускиот министер за животна средина Николас Ило.

Меѓу потписниците на апелот се Изабела Аџани, Изабел Ипер, Педро Алмодовар, Катрин Денев, Изабела Роселини, Вим Вендерс, писателот Емануел Карер и математичатрот Михаил Громов.

apel2

apel

apel1

Испрати коментар

Scroll To Top