Насловна / Вести / Успешната борба со ерозијата предуслов за интересни градини

Успешната борба со ерозијата предуслов за интересни градини

Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат градинарите претставува хортикултурното уредување на стрмните терени. Тие се доста непријатни за обработка, бидејќи пристапот до нив е доста тежок. Освен постигнување на естетски ефект, како главен предизвик кој треба да се реши со конкретното уредување на теренот е борбата со ерозијата. Доколку теренот не е соодветно третиран во периодите со обилни врнежи од дожд, може целосно да дојде до измивање на горниот слој на почвата. Потоа одржувањето станува уште потешко, така што резултатот е понижувачки. Сепак, со добра анализа и избор на добри видови борба со ерозијата, овие површини можат да станат навистина динамични и интересни градини.

1

Формирањето на каскади на местото каде што теренот е во пад е една од најдобрите и најинтересните мерки за борба против ерозијата. Во тој случај со формирање на повеќе каскадни ѕидови од бетон обложен со плочки, природен или вештачки камен или сува ѕидарија може да се формираат рамни површини за одгледување на голем број видови кои не е потребно да имаат предиспозиции за борба против ерозијата. Самите потпорни ѕидови би го регулирале земјиштето, а растенијата со својот коренов систем би ја укрутиле земјата и првенствено би служеле како декорација.

2

Главниот предизвик се јавува на места каде што нема можност или простор за подигнување на потпорни ѕидови. Во тој случај потребна е системска анализа при изборот на видови за уредување на косини. Затревувањето на ваквите терени е добра мерка за борба со ерозијата. Самата операција за затревување е отежната поради косиот терен, а ерозијата во прво време би се јавувала додека не се оформи компактен тревник. За вакво затревување најдобро е да се изврши со хидросеење со машини под притисок кои користат тревно семе, вода и органски мучл со цел подобро прилепување на семето за почвата.

3

Најдобрите растенија за оплеменување на коси терени се видови кои растат приземно и имаат способност за вкоренување преку своите гранчиња. Такви видови се видовите од родот Cotoneaster spp. Lonicera spp. Hedera spp. Myoporum parvifolium, Rosmarinus officinalis “prostratus”, Fragaria chiloensis, Доколку сакаме да направиме комбинација од пониска и повисока растителност може да се користат грмушести видови со кои би се формирал интересен пејзаж. Такви видови се Forsythia spp. Spirea spp. Hypericum fron­dosum, Liriope spp, Euonymus spp.

4

Кактусите и суккулентите исто така се добри видови за уредување на косини кои се со сончева експозиција. Вакви видови е погодно да се користат на месторастења со мала количина на годишни врнежи затоа што во спротивно растенијата би скапувале при поголемо количество на вода. За формирање на рустикален доем секогаш најдобро е да се земат растенија од околната природата, па така теренот би бил комбинација на дрвја, грмушки вклопен во локалниот пејзаж. На тој начин не само што визуелно би изгледале попривлечни, туку растенијата ќе привлечат повеќе локални птици и инсекти.

5

6

7

8

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top