Насловна / Арт и дизајн / Дваесет и седум уметници донираа над 30 дела за Клиниката за гастроентерохепатологија

Дваесет и седум уметници донираа над 30 дела за Клиниката за гастроентерохепатологија

Дваесет и седум уметници донираа над 30 дела за Клиниката за гастроентерохепатологија во скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза.

Уметничките дела ќе бидат распоредени во просториите, како и во собите за пациенти на клиниката. Делата се донација од голем број уметници со цел подобрување на амбиентот за пациентите и медицинскиот персонал.

На иницијатива и организација на Сабри Азири од Клиниката за пулмологија, дела донираа:  Данчо Ордев, Гоце Божурски, Игор Мишев, Томе Мишев, Дејан Иванов Маргуш, Стефан Хаџи-Николов, Боро Арсовски, Марјан Стојаноски,  Емилија Тоциновска, Стојче Тоциновски, Горан Боев, Павле Кузманоски, Невзат Кица, Решат Амети, Владимир Темков, Бурхан Ахмети, Здружението за уметност и култура „Силиндарт“ од Гостивар, Акиме Насуфи Реџепи, Дренуша Пашоли, Ванеса Ода, Лида Шарафатманд, Владимир Лазоски, Тасим Кадрија, Ардиан Кадрија, Имран Зимери, Џоко Антониев и Дејан Божиновски-Коска.

Организаторот на хуманитарниот настан, кој е вработен на Универзитетската клиника за пулмологија, Сабри Азири, изјави дека уметниците донирале дела за Клиниката за гастроентерохепатологија и несебично позитивно одговориле на нивното барање.

„Уметноста е нешто што треба да нè следи цел живот, треба да креираме дела, бидејќи само тие живеат вечно“, рече Азири.

Испрати коментар

Scroll To Top