Насловна / Архитектура / Дали архитектите ќе ја преживеат вештачката интелигенција?

Дали архитектите ќе ја преживеат вештачката интелигенција?

Додека седите на вашиот каучот чекајќи да поминат рекламите, можете да добиете изглед на вашиот нов дом за неколку секунди. Но, дали тоа е токму она што го сакате?

Пет зборови: „идеален дом за вашето семејство“ и десет секунди е сè што беше потребно за да ја добиете сликата подолу. Мора да признаете, изгледа малку застрашувачки познато, како да е извадено од насловна страница на архитектонско списание.

До одреден степен, ова е ветувањето на вештачката интелигенција – нејзината способност да генерира стотици идејни решенија за неколку секунди, генерирани од вашите текстуални упатства, а сè без потреба од обука, архитект и инженер.

Оваа можност звучи одлично за пишување годишни извештаи, студентски трудови или листи за купување, но дали навистина би го довериле проектот на вашиот животен простор на вештачката интелигенција?

Неизбежно е вештаВИ веќе да игра одредена улога во одредени фази од изработувањето проекти во архитектурата. Според извештајот на Кралскиот институт на британски архитекти (РИБА), усвојувањето на вештачката интелигенција во архитектонските практики таму моментално изнесува 41%.

Со оглед на тоа што се очекува таа бројка да расте со текот на времето, неизбежно е вештачката интелигенција да влијае на архитектурата и да го промени начинот на кој ги проектираме нашите домови.

Како се користи вештачката интелигенција во архитектурата?

Повеќето големи практики веќе имаат експерти во оваа област, па дури и малите бироа експериментираат со користење на ВИ, од ChatGPT до напредни алатки за визуелизација. Визуелизацијата е всушност најзастапената област на вештачката интелигенција.

Без разлика дали станува збор за дополнително уредување на постоечките визуелни прикази, со додавање елементи како дрвја, луѓе, облаци или на постоечките прикази со вештачка интелигенција се „тестираат“ други опции во смисол на материјализација или дури се креираат сосема нови прикази, бариерата за влегување во овој вид „дизајнирање“ е многу ниска.

За оние кои не се архитекти или дизајнери, можноста за генерирање вакви слики овозможува пристап до светот на дизајн што никогаш порано не го имале. Сепак, за архитектите и дизајнерите оваа употреба може да биде проблематична.

Имено, според зборовите на предавачот и експерт за вештачка интелигенција, Мохамед Маки, ВИ веројатно ќе „го направи животот на архитектот вистински пекол“, додека клиентите, убедени дека тие „го создале проектот“, се обидуваат да го реализираат она што ВИ го „испроектирала“.

Проблемот е илузијата што се создава дека сè функционира како што треба затоа што изгледа реално. Проблемот лежи во тоа што постои многу повеќе од тоа што оди со проектот отколку самата слика.

Дали архитектите ќе преживеат?

Рендерер на објект не е проект, бидејќи архитектите 90% од своето време го поминуваат правејќи сè друго освен скици, односно идејно решение.

Времето се користи за да се направат сите потребни работи што овозможуваат идејата да се реализира, како што се комуникација со клиентот, управување со трошоците, набавка на потенцијални материјали, добивање дозволи, почитување на прописите и, најмногу од сè, изработка голем број технички цртежи и детали.

Оваа работа бара многу повеќе интелигенција и квалитативна проценка отколку што ВИ може моментално да пружи. Сепак, вештачката интелигенција може да го унапреди процесот на изработка проекти.

ВИ може да им помогне на архитектите со здодевни работи, така што архитектите можат да го посветат целото свое време на работата што ја работат најдобро, а тоа е работа со луѓе на нивните единствени проектантски решенија.

„Креативноста е вештина што се развива со текот на времето. Вештачката интелигенција не може да ја замени, таа е всушност само алатка“, вели Мохамед Маки за ABC News.

Може ли успешно да се разликува добар од лош проект?

Квалитетот на рендерот или проектот што го добивате од вештачката интелигенција зависи исклучиво од влезните податоци, врз основа на кои ВИ го генерира проектот. Според принципот „junk in – junk out”.

Луѓето кои не се архитекти или дизајнери на ентериер може да имаат тешкотии да разликуваат добар и лош проект. Потребно е да се размислува за функцијата, материјализацијата и градежните прописи.

Следната пречка е проценувањето на опциите што ви ги нуди вештачката интелигенција. Со толку многу опции достапни за толку кратко време, сите убедливо презентирани, како обичниот човек да избере?

Ова повторно нè враќа на експертска проценка. Ваков процес бара стручна обука и искуство, за добиениот проект навистина да се реализира и да се избегнат сите можни стапици за време на изградбата.

А чиј е всушност проектот?

Покрај сето погоре наведено, ВИ не знае точно што составува за да ги креира вашите слики, кому му припаѓаат и дали е воопшто соодветно да се користат. Ова води до прашања кои немаат дефинитивен одговор, но веќе се тестираат во пракса, како што е прашањето за интелектуална сопственост.

Како и социјалните медиуми, каде што не знаеме кој или што ги обликува нашите сознанија, така не знаеме точно ни на кој начин се обучува алгоритмот на вештачката интелигенција. Колку е интерфејсот попристапен за почетници, толку повеќе претпоставки се вградени во генераторот за да се олесни интеракцијата.

Исто така е интересно да се размисли за тао што одредени брендови се појавуваат преку дизајните што ги добивате преку вештачката интелигенција.

На повидок се промени

Додека некои тврдат дека пристапот на ВИ е идеален, бидејќи се заобиколуваат трошоците за архитектот и сите други вклучени професионалци, многумина не би се согласиле.

Наместо да се фокусираме на луѓето, сè се врти околу рендерот, околу ветувањата за ефикасност и намалување на трошоците, што всушност води до реални проблеми кога физичката изградба всушност започнува.

Значи, иако постои можност многу луѓе да почнат да замислуваат што се е можно и да се вклучат повеќе во процесот на проектирање, што е одлична работа, архитектите се чини дека засега се на безбедна страна.

Вештачката интелигенција е навистина добра работа и е во фаза на дополнителен развој и доколку се оди во вистинската насока – вистински промени се на повидок.

На крајот на краиштата, архитектите ќе ја користат вештачката интелигенција како дополнителна алатка во нивната работа, исто како што сега користат CAD, BIM и слично.

Испрати коментар

Scroll To Top