TÜV (Technischer Überwachungsverein – Здружение за технички преглед) е независна организација која спроведува технички инспекции, испитувања и сертификација. Оваа организација за конкретното истражување обработила речиси 95 милиони записници од извршени технички прегледи на возила, во периодот од јули 2024 до јуни 2025 година. Резултатите покажале дека секое петто возило не го минало техничкиот преглед, што е благо покачување во однос на претходната година. Се зголемил и уделот на возилата со помали недостатоци, кој достигнал 12,3%. TÜV процедурата за инспекција е темелна и вклучува широк спектар на проверки на системот за кочење, состојбата на шасијата и анализа на корозијата. Автомобилите се оценуваат врз основа на процентот на возила со серозни недостатоци во вкупниот број прегледани возила.

Во ранг листата не се вклучени сите модели – за да биде застапен одреден автомобил, мора да постои доволен број на примероци за статистички релевантни заклучоци. Според тоа, Извештајот ги вклучува само оние модели кои имале најмалку 10.000 прегледи. Во старосната категорија од 12 до 13 години, се покажало дека во најдобра состојба се германските марки, првенствено Volkswagen и Mercedes.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија