Насловна / Арт и дизајн / Два брода во еден – чудо со пет палуби од 500 милиони долари

Два брода во еден – чудо со пет палуби од 500 милиони долари

„Авангарда“ (Avanguardia) е концепт на нова мегајахта на студиото Lazzarini Design на која може да се сместат 60 лица.

3_resize

Италијанскиот дизајнер Pierpaolo Lazzarini е познат по своите уникатни пловни објекти кои привлекуваат големо внимание, а при дизајнирањето на „Авангарда“, тој бил инспириран од јапонските манги од седумдесетите години на минатиот век, односно изгледот на лебедите.

2_resize

Пловилото е долго 137 метри со контролна кула во форма на глава на лебед. Но, оваа структура е всушност брод долг 16 метри, кој може да се оддели од остатокот на мегајахтата и да продолжи да плови независно.

1_resize 6_resize

„Авангарда“  има пет палуби висина 18 метри, два хелиодрома, базен и бројни спа-зони. Исто така, предвидено е да се движи со максимална брзина од 18 јазли.

Овој брод засега е само концепт, а неговата изградба би чинела околу 500 милиони американски долари.

5_resize 4_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top