Насловна / Архитектура / Дубаи го отвора највисокот хотел на светот

Дубаи го отвора највисокот хотел на светот

Денес во арапскот емират Дубаи, кој постојано се стреми кон нови рекорди, ќе биде отворен за јавноста највисокиот хотел во светот, кој се издига на 356 метри. Ова го соопшти Франс Прес, цитирајќи ја објавата на Твитер на владината канцеларија за информации.дубаи

Gevora Hotel на пространата авенијата „Шеик Зајед“ го скрши само со еден метар рекордот на соседниот 355-метарски хотел од синџирот „Marriott“, кој на времето ги надмина рекордните 333 метри на друг хотел во соседството – Rose Rayhaan од синџирот Rotana.

Gevora е поставен во облакодер со златна боја од 75 ката. Според The National тој располага со четири ресторани, базен, луксузен спа и спортска сала. Неговите први клиенти се очекува да пристигнат уште утре.

Во Дубаи веќе се наоѓа највисокиот облакодер во светот Burj Khalifa, кој се издига на 828 метри. Емиратот се впушти и во изградбата на уште повисока зграда, чии димензии засега се чуваат во тајност.dubai (1) dubai (1) dubai (2) dubai (2) dubai (3) dubai (4) dubai (5)

Градот – држава Дубаи е една од главните туристички дестинации во заливот, а во 2017 година имаше рекорден број од 15,8 милиони туристи, 6,2 отсто повеќе од 2016 година.

Испрати коментар

Scroll To Top