Насловна / Вести / Државите од ЕУ можат да вложуваат во зелена енергија во други членки за своите цели

Државите од ЕУ можат да вложуваат во зелена енергија во други членки за своите цели

Европската комисија воведе механизам на финансирање на производството на електрична енергија од обновливи извори кој пружа можност за поблиска соработка помеѓу земјите членки на Европската Унија. Правилата стапуваат на сила во јануари. Владите ќе можат да се определат за доброволен финансиски придонес за зелена енергија за други држави во ЕУ, а тие инвестиции на крајот ќе се вкалкулираат во исполнувањето на домашните цели на тоа поле. Постоечките механизми на соработка веќе вклучуваат статистички трансфери, како и заеднички проекти и системи за подршка. Комесарите велат дека дополнителниот модел ќе помогне во покривање на минусот во потребното финансирање и ќе ја зголеми исплатливоста во воведувањето на енергија од обновливи извори, бидејќи постројките ќе се градат во области кои се поповолни од аспект на географската локација и природните ресурси. На пример, земјите членки без излез на море можат да учествуваат во подигање на ветерни електрани на море, а оние со помалку сончеви часови ќе се вклучат во изградба на соларни електрани во јужните подрачја. Најавено е дека споменатиот механизам за финансирање ќе биде олеснување за оние региони чија економија се соочува со тешкотии да се задвижи од мртвата точка. Произведената енергија ќе се пресметува во исполнување на целите за зелена енергија и клима за сите држави на ЕУ кои учествуваат во реализацијата на Европскиот зелен план за постигнување на јаглеродна неутралност до 2050 година. Квотите ќе се определуваат врз основа на уделот во инвестициите. Со механизмот ќе управува Европската комисија. Државите членки ќе уплатуваат придонес за погоните во зелена енергија во заинтересираните земји, а ЕУ соопштила дека трошоците за трансакциите ќе бидат пониски отколку кај актуелните модели.

Young business man engineer with yellow helmet at solar panel and wind generators power plant construction site background

renewables2

Испрати коментар

Scroll To Top